По бизнисменот Силјан Мицевски кој сведочеше во случајот “Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење 5 милиони евра, на пултот во судницата во Основниот кривичен суд застана поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски.
Мицевски го спомна дека и тој му давал фактури за плаќање и за донации за потребите на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, објави СДК.МК.
На прашање на обвинителката Ленче Ристоска како член на Извршниот комитет дали знае како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека го знаел само официјалното: партијата се финансира преку членарини. Како висок партиски функционер тој имал траен налог во банка, зашто функционерите плаќале повисока членарина.
Но, на прашање на обвинителката тој опиша шема како периодично имал задача да му предава на Божиновски лично на рака доброзапакувани пратки со селотејп, за чија содржина не знаел. Му било кажано дека предава документација од компаниите наменета за Божиновски.Можете ли да ја опишете канцеларијата на генералниот секретар во ВМРО-ДПМНЕ?, праша Ристоска.
„Канцеларијата му беше во еден многу ужасен неред. Расфрлани материјали, рекламен материјал, постери, предизборни програми”, опиша сведокот.
„Дали сте го виделе некогаш отворен сефот во неговата канцеларија?”, продолжи Ристоска.
„Сефот секогаш беше затворен, само еднаш го видов подотворен. Тогаш видов нешто што изгледаше како финансиски средства, беа во пачки”, одговори Чинговски.
Текстот во целост на: СДК.МК.