Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ципрас за Договорот од Преспа: Мицотакис се надмина себе си во демагогијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Онаму каде што навистина господинот Мицотакис и Владата се надминаа себе си во хипокризија и демагогијата е Договорот од Преспа, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во неговиот говор во рамки на 84. Меѓународен саем во Солун, jави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот грчки премиер изнуди силни аплаузи и овации од присутните кога во обраќањето се осврна на Договорот од Преспа, особено во делот во кој ја обвини актуелната влада за хипокризија и демагогија, но и за „импресивно салто“ во конкретното прашање. Рече дека за конкретното прашање, претходната влада била навредувана и притисната да дава објаснувања, затоа што го одбранила „националниот интерес и мирниот соживот со соседите“.

— реклама —

Се осврна и на ланските протести пред конференциската сала „Велидио“, каде што секоја година се одржува саемот, прашувајќи се каде се сега, „борците за Македонија“ (македономахи).

— реклама —
И денес оние кои ги толерираа собирите на наводните „македономахи“ и наводни патриоти- навистина каде се сега? Оваа година никој не ги виде пред „Велидио“. Оние кои лани нè навредуваа, оние кои ги толерираа нападите со молотов врз домовите на пратениците кои гласаа во Парламентот, оние кои договорот го нарекуваа предавнички, штетен договор. Сега истите тие доаѓаат и велат дека не само што ќе го спроведат, не само што ќе се придржуваат до верно спроведување, туку и ќе го почитуваат. Да, ќе го почитуваат. И им велиме, многу добро ќе направите што ќе го почитувате. Тоа е договор што вреди да се почитува од секоја влада, но на овој начин правите, вашето салто да изгледа поимпресивно од тоа што навистина е, порача поранешниот грчки премиер во неговото обраќање.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања