Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ЦИВИЛ бара од Владата да преземе итни мерки за санкционирање на радикалите вработени во институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
civil-1

Секојдневно, во социјалните мрежи се појавуваат пораки со радикални содржини што ги пласираат вработени во институциите, во администрацијата и јавните претпријатија. Никој не одговара за тоа. Ако Владата и институциите не го осудуваат и санкционираат ваквото однесување, тоа значи дека го поддржуваат. Тоа мора да престане!

— реклама —

Не можеме и не смееме да прифатиме дека меѓу нас има луѓе што возвишуваат злосторници, убијци и екстремизам, чии последици се трагични - загубени човечки животи, несигурност, страв и разорени заедници и општества. Не можеме да прифатиме состојба во која екстремизмот на едно стадо негува соживот со екстремизмот на некое друго стадо. Тоа не е соживот, нема врска со толеранција. Тоа е крвопролевање кое само што не се случило, се вели во соопштението од Цивил.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од Владата и надлежните институции да преземат итни, неодложни чекори да воведат строги критериуми за оценување на луѓето што работат во нив и веднаш да ги санкционираат сите свои службеници и функционери доколку тие се служат со говорот на омразата и поттикнуваат радикализам, насилен екстремизам или на било кој начин придонесуваат кон возвишување на насилства, злосторства и тероризам.

— реклама —

Одговорноста не е фраза, тоа е постојано градење и заштита на животот и достоинството на граѓанките и граѓаните, постојана одбрана на вредностите на едно цивилизирано и хумано општество. За тоа постојат буџетите на државите!

„Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравооо“ - напиша Татјана Лазаровска на својот профил на Фејсбук. Навистина постои тој профил, навистина е вработена во Армијата на Република Северна Македонија. Носи униформа на оваа земја, има вештини што ги стекнала во нашиот образовен систем, прима плата од буџет што го полнат сите граѓанки и граѓани. Лазаровска е стационирана во воена единица во град со мнозинско албанско население, во артилериски род што е извонредно мобилен. Со оружјето до кое има пристап се ракува извонредно лесно, а последиците од него може да бидат разорни и трагични.

И по неколку дена од оваа порака, ниту Владата, ниту ресорното министерство на една земја, не излезе со јасен став и изјава во јавноста во која ќе слушнеме дека тоа лице е суспендирано, одземени ѝ се дозволите за пристап до оружје и муниција и дека е под истрага да не е дел од организирана екстремистичка мрежа. Тоа е најмалку што може да го направи владата или барем Министерството за одбрана, според некои минимални НАТО стандарди. Ако веќе ништо не значат Уставот и законите на нашата земја, како и човечноста и совеста, а би морало!

И тоа не е сѐ. Секојдневно, во социјалните мрежи се појавуваат пораки со радикални содржини што ги пласираат вработени во институциите, во администрацијата и јавните претпријатија. Никој не одговара за тоа. Ако Владата и институциите не го осудуваат и санкционираат ваквото однесување, тоа значи дека го поддржуваат. Тоа мора да престане!

Восхитувањето од тероризмот, било да е оној на ИСИС или на терористот што уби педесетина муслимани во џамија, на расистите на Кју Клукс Клан или на неонацистите и ултра радикалите во Русија, Унгарија, Полска, Чешка, Германија, Србија, Албанија или Грција е првиот, крупен чекор до екстремното насилство. Кратко е растојанието од првиот чекор на оправдување и поттикнување до вториот чекор, реалното насилство и трагедиите што тоа ги предизвикува. Пократко е тоа растојание отколку што сакаме да веруваме.

Екстремизмот во нашето општество и во системот е долгогодишна операција од која нема да се ослободиме ако се молчи и ништо не се презема. Можеби со огромно задоцнување, но мора да се започне веднаш, денеска. Според законите и стандардите што веќе ги има во нашето законодавство!

Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човековите права и слободи, бара од институциите да поведат сметка за законитоста, почитувањето на човековите права и слободи, како и за безбедноста на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и поттикнувањето на насилство во секаква форма и очекува од Владата и секое министерство и институција на локално и национално ниво, да расчистат со екстремисти во своите структури. Активистите за човекови права не се должни да ја работат работата на институциите!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања