ЦИВИЛ: Најостро го осудуваме експлицитниот говор на омразата на Неделковски неговите следбеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Civil

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19. Деструктивноста на пораките на Неделковски се гледа и во бројните коментари во кои дел од неговите следбеници искажуваат поддршка на говорот на омразата, радост и ситење, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.

— реклама —

Миленко Неделковски е одамна познат по изјавите со повици на насилство против неистомислениците на режимот, со говор на омразата и пораки што претставуваат ширење на национална, верска и расна омраза.

— реклама —

Овој пат, Неделковски на својот Фејсбук профил со радост ја повтори веста, со желба за фатални последици по животот на Зеќири и на неговото семејство!

— реклама —

ЦИВИЛ  најостро го осудува овој експлицитен говор на омразата, што непречено го шири Неделковски, криејќи се зад правото на слобода на изразувањето!

Креаторите на содржини и пораки, поттикнувачите, дистрибутерите и поддржувачите на говорот на омразата ги поминаа сите граници! Оваа состојба во јавноста веќе не може да се толерира и да поминува неказнето.

ЦИВИЛ бара од надлежните институции како што е МВР и Јавното обвинителство итно да постапат соодветно на законските обврски за да ја спречат и санкционираат оваа појава која сѐ повеќе зема замав. Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува јавноста, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да го отфрлат и осудат говорот на омразата и повиците за насилство во медиумите, социјалните мрежи и во јавните настапи.

Говорот на омразата поттикнува и дела од омраза. Во оваа состојба на загрозување на човековото здравје и фаталните последици од пандемијата, солидарноста ни е потребна повеќе од се, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања