Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЦИВИЛ: Омразата како политичко и идеолошко оружје не смее да се толерира!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
we-remember-holocaust

„Во чест на 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, ја реафирмираат Резолуцијата 60/7 на Обединетите нации и повикува на достоинствено одбележување на овој датум во јавноста, медиумите и институциите. На Холокаустот мора да му се даде заслуженото место во јавноста, образованието и политиките со кои се промовираат мирот и човековите права и слободи.

— реклама —

На овој ден, ние се приклучуваме кон глобалната комеморација на шест милиони жртви кои беа систематски и брутално убиени од нацистичкиот режим и неговите колаборационисти и квислиншки режими. Холокаустот е лекција за човештвото дека омразата и насилството кон различните се погубни за човештвото.

— реклама —

ЦИВИЛ уште еднаш нагласува дека антисемитизмот, расизмот, национализмот, ксенофобијата, омразата врз верски основи се меѓусебно поврзани и се дел од деструктивните тенденции во светот и кај нас. Поделбите и омразата против различните води кон насилство и злосторнички дела од омраза. Омразата врз етнички, верски и расни основи е заснована врз идеологии што ги оправдуваат и поттикнуваат и хомофобијата, дискриминацијата на жените, социјално ранливите категории и низа други.

ЦИВИЛ ги реафирмира повиците во целост да се почитуваат одредбите на Резолуцијата 60/7 на Обединетите нации и при ревизијата на учебниците и наставните програми, соодветно да биде застапен и Холокаустот. Тоа ја подразбира и обврската на државата да развие едукативни програми во кои ќе биде застапен Холокаустот, со цел да се спречат идни злосторства и геноцид во светот.

— реклама —

Во духот на споменатата Резолуција, како и основните документи на ЦИВИЛ, го користиме овој ден и како повод уште еднаш најостро да ги осудиме сите манифестации на нетолеранција, национализам, говор на омраза и насилство врз основа на етничка, верска или расна припадност, социјално потекло, политичка афилијација, сексуална ориентација или било каква друга припадност или определба.

Општество во кое се молчи за Холокаустот и во кое антисемитизмот на одделни поединци и групи се оправдува е општество во кое владее страв и деструкција. Општество во кое омразата и насилството поминуваат неказнето не може да оди напред. Омразата како политичко и идеолошко оружје не смее да се толерира“, стои во соопштението од ЦИВИЛ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања