ЦИВИЛ повикува навивачките групи да не користат говор на омраза или насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lopta-fudbal

— реклама —

Во пресрет на утрешниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Косово, ЦИВИЛ упатува апел до сите навивачки групи да се воздржат од ширење на говор на омраза или насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години.

— реклама —

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно сите групи и поединци кои што шират омраза и повикуваат на насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања