Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Цивил: Пред да дивеат, националистите и хулиганите треба да го прочитаат Крушевскиот манифест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Civil

Во изминатиот период, ЦИВИЛ бележи голем број изрази на говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка и верска припадност, политичка определба и сексуална ориентација. Говорот на омразата и повиците на насилство најмногу се бележи на социјалните мрежи, но неретко е присутен и на интернет порталите.

Еден од најновите повици на насилство со употреба на експлицитен говор на омраза се нотира и по повод прославата на Илинден на Мечкин Камен, на 2 август. Еден од нив е Фејсбук настанот: „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“.

— реклама —

„Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница. За среќа, тие се малубројни, но нивната деструкција има несогледливи размери. Институциите секогаш мора да реагираат навремено и решително. Јасно е дека зад „храбрите“ поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори. Тие мора да се соочат со полната сила на законот. На тие што организираат вакви наци настани, им порачувам: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток“ - изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

— реклама —

ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од релевантните институции да реагираат навремено и соодветно на своите законски ингеренции, преземат итни мерки за санкционирање на сите кои повикуваат на насилство.

— реклама —

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на случаи на кршење на човековите права, корупција, говор на омраза и лажни вести на онлајн формуларите на веб страницата Граѓански објектив.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања