ЦИВИЛ со прашања до партиите за нивните протоколи за заштита од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Civil

На кој начин политичките партии придонесуваат кон одржување безбеден изборен процес? – е наслов на прашалникот што ЦИВИЛ го испрати до сите политички партии што учествуваат во изборниот процес, на првиот ден од изборната кампања. Прашањата се јавни и доставени и до медиумите, а објавени се и на медиумската платформа на организацијата.

— реклама —

Дали партиите имаат протокол за заштита од коронавирусот и во што се состои тој? Каде е објавен протоколот и на кој начин се известени јавноста и активистите, кандидат(к)ите и партиските функционери на Вашата партија за мерките за заштита од коронавирусот за време на кампањата и изборниот ден?

ЦИВИЛ ги праша партиите и за тоа какви мерки за заштита ќе преземат и за време на теренските активности.

— реклама —

Дали сите што се ангажирани во Вашата партија имаат обврска да носат заштитна опрема кога се на терен? Дали Вашата партијата обезбеди заштитна опрема за членовите или самите се снабдуваат со неа? Дали Вашата партија обезбеди заштитни средства (дезинфекција, заштитни маски) и дали ќе издадете упатства за одржување растојание на јавните настани? Како ќе се постапува доколку на партиските теренски активности и собири се пречекори бројот од 30 луѓе во затворена просторија, односно 50 на отворено?

Што се однесува до придонесот на политичките партии за јакнењето на јавната свест, се поставува и прашањето: Дали и на кој начин Вашата партија спроведува активности за јакнење на јавната свест за потребата гласачите да се придржуваат кон протоколите за заштита од коронавирусот за време на кампањата и на изборниот ден?

Одговорите на прашањата се очекуваат најдоцна до 2 јули на полноќ. Организацијата ќе подготви информација што ќе биде објавена на медиумската платформа и ќе биде дел од извештаите од мониторингот.

ЦИВИЛ воведе т.н. „корона категорија“ во својот изборен мониторинг, односно во својот мониторинг ќе ги бележи сите случаи на кршење на препораките и мерките за заштита од коронавирусот. 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања