Кривичниот суд во Скопје му одредил притвор на поранешниот член на ,,Ослободителната војска на Косово”, Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд.
Од судот велат дека станува збор за краткотраен притвор, а повеќе детали најавуваат за утре. Адвокатот на Морина, Насер Рауфи пак вели дека добиле решение за ектрадиционене притвор во траење од 30 дена и најави жалба.
Од судот велат дека притворот е одреден поради екстрадиција по распишана потерница од Интерпол Србија...
Србија најавува дека ќе ги испрати потребните документи за барањето, а Косово пак уште вчера побара негово ослободување, со образложение дека потерницата е со лажни аргументи.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими на вчерашната седница бурно реагираше на апсењето на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.
„Мене ми е срам што сум дел од ова Собрание. Апсете ме слободно, еве го повикувам министерот Спасовски да го стори тоа. Да се избришат постапките на Милошевиќ, а вие премиере Заев треба да се засрамите“, истакна Алими.