„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Членките на ЕУ не постигнаа договор за почеток на преговорите со Македонија, Албанија и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pregovori

— реклама —

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург не успеаја да се усогласат околу прашањето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

— реклама —

Париз тврди дека Албанија и Северна Македонија треба да спроведат повеќе реформи пред да започнат разговорите. Исто така, се вели дека поширокиот процес на пристапување во ЕУ треба да се направи потежок и реверзибилен.

– Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, изјави министерката за надворешни работи на Финска Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан. Пак изјави дека „ова не беше најславниот момент на Европа“, додавајќи при тоа дека „значително мнозинство“ на членките на ЕУ ја поддржале препорака за отпочнување на преговорите со двете земји.

– Нема сомневање дека секое понатамошно одложување ќе наштети на нашата кредибилност на Западен Балкан и на нашите амбиции да станеме посилен глобален играч, додаде Хан.

„Французите си играат со оган“, рече еден дипломат на ЕУ од мнозинската група, кој поддржува започнување разговори за пристап со двете земји.

„Се надеваме дека на крајот Франција ќе ги почитува своите европски аспирации за лидерство и ќе се приклучи на консензусот на ЕУ за Северна Македонија“, рече еден официјален претставник од друга земја членка.

Северна Македонија, која ги реши „невозможните“ разговори за своето име минатата година и „направи демократска пресврт дома“, чека 14 години да ги започне разговорите за ЕУ, рече министерот за надворешни работи на земјата, Никола Димитров, за „Фајненшел тајмс“. Одлуките за преговорите беа одложени минатата година и повторно ова лето заради неединството на ЕУ. „Она што е во прашање е политиката на проширување на ЕУ и европската перспектива за самиот Балкан“, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања