Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Членови на еден од бастионите на ВМРО-ДПМНЕ бараат избор на нов претседател, сметаат дека партијата е во очајна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Screenshot_5-1

„Денес, поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром, одлучивме да ја поддржиме идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата.

Меѓу нас има членови на општинскиот комитет, претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема“, рече Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.

— реклама —

„Партијата е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно.

— реклама —

Сметаме дека одржувањето на вонреден конгрес е единствениот начин да ја спасиме партијата која е тргната кон амбис. Доколку не се превземат брзи чекори за крупни реформи и преиспитување на правецот во кој се движи партијата сметаме дека постои реална опасност партијата да западне во уште потешка криза.

— реклама —

Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес“, изјави Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања