Членови на карате клубот „Маваши“ од Кисела Вода ќе се натпреваруваат на Европско првенство во Данска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт

На Балканското првенство кое неодамна се одржа во Дубровник, Хрватска членовите на карате клубот „Маваши“ од Кисела Вода, Марта Димковска во кадетска конкуренција до 54 кг. и Стефан Апостоловски У21 до 67 кг. си обезбедија пласман на Европско првенство кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.

— реклама —

Димковска на ова натпреварување постигна одлични резултати, додека Апостоловски во четвртото коло за влез на финалниот натпревар изгуби од Светскиот првак од Хрватска и во репасаж го освои третото место, со што младите каратисти си обезбедија директен влез на Европско првенство.

— реклама —

Пред овој голем успех младите каратисти Марта Димковска и Стефан Апостоловски на државното првенство за кадети - јуниори У12 ги освоија првите места, кои ги однесоа на Балканското првенство кое беше критериумско за пласман на големото европско натпреварување. За овие успеси најзаслужен е тренерот на КК „Маваши“ Димче Савевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања