„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

„COOL HEATING“ - Проект за трајно намалување на аерозагадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
46720518_10155457147066706_9142753628103114752_o

Проектот Cool Heating подразбира развивање на системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија.

— реклама —

Денеска, во Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев потпиша Писмо за изразување на заложба на локалните чинители, проектот кој веќе е имплементиран во над 70 поединечни објекти во Карпош, да прејде во следна, повисока фаза на реализација, во која ќе се врзуваат во цели мрежни системи засновани на обновливи извори на енергија.

— реклама —

Примарната цел е овој централен систем за греење и ладење да се имплементира во целосно нова еко - населба, како и во дел од установите на територија на локалната самоуправа.

— реклама —

Овие системи базирани на обновливи извори на енергија се системи на иднината, кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето, како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваме.

Изминатава недела се одржа и тематска конференција за овој проект на национално ниво, со цел да се доближи до пошироката јавност и да им се претстави на субјекти кои работат во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, заштита на животната средина и изнаоѓање и користење на обновливи извори на енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања