ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Човечноста не познава граници - македонец нуди куќа со платени трошоци за оние кои останаа без дом во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Коментари
zemljotres-zagreb

Расте бројот на жртвите по катастрофалниот земјотрес којшто ја погоди Хрватска. Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени при уривање на згради во силниот земјотрес којшто ја погоди централна Хрватска. Спасувачите во текот на целата ноќ ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.  Засега нема информации за повредени македонски државјани во земјотресот, а министерствата за надворешни работи на двете земји се во постојана комуникација.

— реклама —

Со несреќата сочувствуваме сите. И Македонија знае што е катастрофален земјотрес. Штетите кои ги претрпе Скопје во 1963 год никако не бледнеат. Но, сега е време да се помогнеме. Кој како може. Воодушевува објавата на Денис Синед во секцијата за помош по земјотресот во Хрватска на Фејсбук.

„Ја нудам својата куќа во Скопје, Македонија, за 8 особи до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца). Исто така подготвен сум да платам и патни трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна до максимум, тоа не можам да го заборавам до гроб... Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака заинтересираните. Ве мислиме, поздрав од Македонија“, напиша Синед.

— реклама —

По оваа објава секако дека имаше низа пофални коментари и зборови за почит, по што Денис во коментар ја објасни приказната која го натера на овој хуман чин:

„Пред 10 години, мојот татко се разболе од карцином на белите дробови. Не бевме сјајни финансиски и случајно запознав доктор од Хрватска, кој му пружи помош на татко ми до максимум, без никакви надоместоци. Ете, после 10 години, време е да се оддолжам на хрватскиот народ. Слободно е уште за двајца луѓе“, вели Синед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања