Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. За телевизијата изјавил дека е единствен кој има договор со рускиот инвестициски фонд со кој гарантира испорака на вакцината Спутник В за Македонија, БиХ , Алжир и Бугарија. Тој ги потврдува и условите од договорот според кои тој прифатил сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините, објави faktor.mk.
БиХ веќе нарачала половина милион дози од вакцината преку посредникот и компанијата „Медимпекс“.
„Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година, вели Лакушиќ.
Инаку Лакушиќ има досие во Србија, затоа што во минатото се поврзувал со некои криминални активности. СЕпак тој вели дека проблемот го прави власта и претседателот Александар Вучиќ.
“Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот, тврди Лакушиќ.
Министерството за здравство во целост ги демантира лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Северна Македонија преку „посредник - српски државјанин“, ја набавила вакцината против Кови 19, Спутник В производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Станува збор за целосно неточни информации и бараме овој демант да биде објавен во целост, с евели во демантот од министерството.
Тие во демантот додаваат: Министерството за здравство ја информира јавноста дека набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од проиводителот на вакцината Спутник В.
За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини.
Министеретсвото за здравство ја цени и поддржува слободата на медиумите, истражувачкото и критичко новинарство, но укажуваме информациите до кои доаѓаат медиумите сериозно да ги проверуваат, како би се избегнало ширење на лажни вести.
фото: Архива