Човекот кој во саботата пред група верници во близина на велешката Црна Џамија се закануваше со војна, денеска се извини за искажаното. Говорникот Фрат Мемедовски рече дека бил погрешно разбран, бидејќи не го знаел добро македонскиот јазик.
„Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност“, вели Мемедовски во видео обраќањето, објавено преку социјалните мрежи.
Само за потсетување Мемедовски преку видео обраќање вчера упати закани со војна, истакнувајќи дека ќе прават се според Коранот.
фото: Архива