Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Црна Гора купува 67 најсовремени оклопни возила од САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
oklopni-vozila

Црногорското Министерство за одбрана доби официјална понуда од американската Влада за набавка на 67 оклопни возила, вредни 36 милиони долари. Потврда од црногорското министерство дојде откако американскиот државен секретар Мајкл Помпео рече во Подгорица дека оваа недела САД и понудиле на Црна Гора договор за најголемата продажба на воена опрема во историјата на двете земји, што вклучува испорака на лесни тактички возила во вредност од 36 милиони долари.

– Во наредните дваесет дена, очекуваме нашата Влада да прифати ваков вид деловен аранжман со Владата на САД и врз основа на тоа можеме да очекуваме да го имаме првиот контингент на возила во 2020 година, или дваесет возила до декември 2020 година – рече Алма Љуљановиќ од Министерството за одбрана.

— реклама —

Станува збор за лесно оклопно патролно возило погодно за меѓународни операции. Тоа е дизајнирано да биде посилно, поспособно, пофлексибилно, полесно за транспорт и поправка, а пред сè, да обезбеди подобра заштита за војниците од својот претходник, ,,хамерот”.

Црна Гора на тој начин по Америка и Словенија, ќе стане третата земја чии војници ќе можат да го користат ова возило. Според најавата, набавката на воена опрема ќе се финансира со кредит, но не се објавени дополнителни детали.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања