Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во пет општини, најкритично во Херцег Нови и Улцињ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
pozar-crna-gora

Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија.

— реклама —

Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина Котор.

Во Улцињ активни се пожарите во Владимир, Клезна, Гача, Зогање, Бриска Гора и Дарза. Пожарникарите таму се обидуваат да ја заштитат трафостаницата и црквата.

— реклама —

Пожари има и во Бар, каде активни се огнените жаришта на Голото Брдо и Лисин, но според надлежните засега не претставуваат опасност.

— реклама —

Во Никшиќ активни се пожарите во Кусиди и Стрмина.

Во гаснењето на пожарите ширум Црна Гора, на пожарникарите им помагаат авиони на Министерството за внатрешни работи и хеликоптер на Армијата на Црна Гора.

— реклама —

Во Херцег Нови моментално се ангажирани 73 пожарникари со 20 возила, додека во Никшиќ се ангажирани 50 пожарникари со 10 противпожарни возила. Во Улцињ, пак, се ангажирани 14 припадници на војската со две теренски возила и три противпожарни камиони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања