„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Црногорската полиција распиша потерница,18-годишниот Андреј од Македонија осомничен за обид за убиство!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
andrej-t-fb-630x420-1

Црногорската полиција интензивно го бара македонскиот државјанин Андреј Танасковски (18), осомничен дека се обидел да го убие 56-годишниот Марко Љубиша, познат под прекарот Кан, жител на Будва.

— реклама —

Инцидентот се случил пред осум дена, на базенот од хотелски комплекс во Пржно, каде осомничениот испукал два истрела во правец на Кан, нанесувајќи му повреди на главата. Жртвата веднаш добила лекарска помош и по краток престој во болница е пуштена на домашно лекување. Напаѓачот побегнал и оттогаш му се губи трага.

Од Полициската управа соопштија дека граѓаните треба веднаш да пријават доколку го забележат Танасковски или ако им побара сместување, предупредувајќи дека свесното прикривање информации претставува кривично дело. Информации може да се достават до најблиската полициска станица, преку бројот 122 или анонимно на 19969.

— реклама —

Според полицијата, нападот врз Кан бил однапред испланиран. Осомничениот, додека престојувал во хотел, користел фалсификувана лична карта на име Ј.Г., српски државјанин роден во септември 2006 година, како начин за инфилтрирање и подготовка на кривичното дело.

Црногорските медиуми пренесуваат дека против Танасковски е поднесено обвинение за обид за убиство, недозволено поседување и носење оружје и експлозивни средства, како и за фалсификување документи.

Фото: Полициска управа на Црна Гора, Фејсбук

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања