Црвен крст на Република Македонија денес одбележува 74 години од своето постоење и 24 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Црвен крст на град Скопје, денеска на Денот на формирање на Црвениот крст на РМ и Ден на крводарителство во државава, ќе се одржи јавен настан во Градскиот парк – Скопје.
Во рамки на настанот ќе биде поставен промотивнен штанд со материјали поврзани со крводарителство и историјатот на Црвен крст, а најавено е присуство на волонтерите помеѓу граѓаните кои ќе информираат за крводарувањето и за Црвениот крст.