Група планински велосипедисти од Хиландија во Црвениот крст-Охрид пријавиле дека едно лице паднал при искачување на Трпејчко поле, при што се здобил со повреда во пределот на десниот колк. На ова, веднаш интервенирале екипи, а велисопедистот е однесен во болница.
„Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид доби повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои јавија дека при пад во близина на Трпејчко поле, југо-источно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк. Тричлена екипа од ПСС со теренско возило веднаш излезе на терен, за кратко време лицето беше лоцирано, имобилизирано и транспортирано до с. Пештани, од каде во 14:45 часот го превзеде возило на итната медицинска помоши го пренесе во специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид“, велат од Црвениот крст-Охрид.