Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Црвениот крст собра 16,6 милиони денари за настраданите од земјотресите во Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1albanija-zemjotres

Црвениот Крст на Македонија објави дека се собрани вкупно 16,6 милиони денари од на граѓанските организации, поединци и фирми за настраданите од земјотресот во Драч, Албанија. Вкупно 13,2 милиони денари се пари од донации на македонски компании.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити  истакна дека во петок овие средства ќе бидат префрлени на жиро-сметката на Црвениот крст на Република Албанија.

— реклама —

– Ние истовремено ќе склучиме договор со Црвениот крст на Албанија и ќе бараме извештаи за тоа како се трошат средствата во наредните шест месеци – истакна Саити.

Освен оваа помош, Црвениот крст од сопствените резерви на настраданите од земјотресот во Албанија им додели и материјална хуманитарна помош во висина од 20.000 евра. Станува збор за 500 вреќи за спиење, 1.000 ќебиња, 50 монтажни кревети, 100 пакети со храна и 100 пакети со хигиенски средства.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања