„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Цуцуловски: Не се согласувам дека Македонскиот народ е мирен и плашлив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Ljubomir-Cuculovski

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека не се согласува со мислењето дека македонскиот народ е мирен и плашлив, и како што вели убеден е дека македонскиот народ и македонската држава ќе опстанат

— реклама —

“НЕ МОЖАМ… Не можам да се согласам со мислењето, кое упорно се потура, дека македонскиот народ бил мирен, плашлив народ, бидејќи не соодвествува на фактите. Најмасовниот протест на работниците во СФРЈ беше протестот на железарците во 1987 година.

Толку масовен и толку одлучен протест на бедните, на пролетерите/работниците пред тоа, како и по тоа, не беше забележан во СФРЈ.

— реклама —

Во 1991 година македонскиот народ, наспроти нечии очекувања, масовно гласаше за независна и суверена Република Македонија. Во 2001 година, после режираниот пад на Арачиново, влезе во Собранието.

Истото го стори 2017 година, после своевидниот политички удар, извршен во Републичкото Собрание, проследен со пеење на туѓа химна и непочитување на легислативата.

Велат дека бил разединет народ, дека ниту еден друг народ немал толку предавници, како што имал македонскиот народ. Сепак, го немал Петен, како што го имаа Французите, ниту Квислинг, како што го имаа Норвежаните.

Ги имаа партизаните. Го немаа (барем досега) ниту Хитлер, ниту Мусолини, кои, борејќи се „за“ својот народ, го доведоа до пропаст германскиот и италијанскиот народ. Не доживееја (барем досега) меѓусебна граѓанска војна како Хрватите (партизани и усташи), како Србите (партизани и четници), ниту имаа граѓанска војна како во Грција (1946-1949) меѓусебно поделена на антифашистичка/комунистичка и монархофашистичка.

Макар што до 1994/45 година Македонците немаа своја држава, сепак ја задржаа својата историја, својата традиција, својот фолклор, својот јазик, својата музика.

Затоа, убеден сум дека, и покрај сè, македонскиот народ и македонската држава ќе опстанат. Историјата е полна со падови, меѓутоа и со издигања, колку тоа и да не го сакале светските Креатори и нивните креатури.

П.С. Досега не сум видел „интелектуалци“, кои толку многу го потценувале и исмејувале „сопствениот“ народ”, напиша Цуцуловски на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања