Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Чудовиштата живеат во фотографиите - изложба на илустрации на дизајнерот Давид Ристевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
cover

— реклама —

Самостојната изложба на комбинација од илустрации со реални фотографии на дизајнерот Давид Ристевски, попознат како Dreadpen, ќе биде отворена на 12 февруари со почеток во 19.30 часот, во Concept 37 во Скопје. Изложбата носи наслов Photo Invasion и е инспирирана од Instagram фотографии, не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови.

— реклама —

На изложбата ќе има инвазија на "украдени" слики од Instagram со илустрации од чудовишта со различен вид, изглед и форма. Оваа комбинација на реална фотографија со илустрација добива нова димензија и порака.

Процесот на создавање на ликовите најчесто е спонтан и на некој начин претставува имагинарен излез од секојдневието кој еволуира во карактер. Со тек на време тој карактер прераснува во подобро осмислен и со своја приказна“- додава Ристевски.

Исто така, на изложбата ќе може да се најдат и парчиња од новата зимска колекција на Dreadpen, кои заедно со сликите ќе бидат од продажен карактер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања