ЦУК: 5 пожари сѐ уште активни, 16 беа изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5051

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 376 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,33%, а 37,67% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64,33%, кон Итната медицинска помош 20,81%, кон пожарникарите 11,46%, а кон АМСМ 0,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 910 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,18%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,67%). Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —

Вчера, недела (28.07.2024) имаше вкупно 24 пожари на отворено, од коишто 5 се активни, 3 се под контрола и 16 се изгаснати во последното деноноќие, согласно информациите добиени од регионалните центри за управување со кризи.

— реклама —

Активните пожари, пет (5) на број, на отворен простор, се во:

— реклама —

Општина Лозово, кај с.Бикирлија, месност „Убого“, Општина Градско и кај Јаношево, Општина Неготино (каде што гори ниска вегетација);

Општина Македонски Брод , кај с.Тажево и с.Брезница, крак од пожарот кон ЈП „Јасен“ во правец кон месноста „Раставувачи за струја“ (борова шума);

Општина Кочани, кај с.Главовица (мешана шума);

Општина Долнени, кај с.Долгаец и Маргари (висока трева и мешана деградирана шума) и во

Општина Демир Хисар, на Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и с.Плаќе.(каде што интервенираатле 4 пожарникари од ТППЕ, 16 од ЈП „Национални шуми и 5 луќе од месното население, коишто гаснеле запалена ниска вегетација).

Трите (3) пожари под контрола се во:

Општина Старо Нагоричане, кај с.Ругинце (каде што горела ниска и мешана шума) и во

Општина Штип, кај с.Цршка (ниска вегетација); Општина Македонски Брод, кај с.Латово и с.Русјанци (мешана шума).

Изгаснатите 16 пожари на отворено биле во: Општина Охрид, депонија Мауцкер (гореше ѓубриште); Општина Кратово, кај с.Татомир (каде што гореше мешана шума); Општина Босилово, меѓу с.Босилово и с.Турново (мешана шума); Општина Делчево, кај с.Очипала (ниска вегетација); Општина Гостивар, кај с.Чајле (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане, кај с.Степанце (ниска вегетација и грмушки); Општина Сарај, кај с.Семеиште, с.Чајлане и с.Арнакија (мешана шума); Општина Петровец, кај с.Бадар (ниска вегетација); Општина Желино:с.Лешница (ниска вегетација); Општина Берово, кај с.Будинарци (борова шума); Општина Струмица: с.Куклиш (депонија); Општина Гостивар, кај с.Чајле (ниска вегетација); Општина Крушево, имаше два (2) пожара, кај с.Саждево и кај с.Нерово (ниска вегетација) и во Општина Сарај, кај с.Дворце (ниска вегетација).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања