Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ЦУК: Aктивни се 4 пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека вчера имаше дека пожари на отворен простор вчера имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии.

— реклама —


До утрово, активни пожари од последното деноноќие, има уште четири. Тие се во Општина Македонски Брод, кај с. Белица , во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, каде што горела ниско стеблеста шума и пасиште; во општина Прилеп, кај с.Алинци и во Општина Сопиште кај с.Света Петка, каде што гореле депонии и во Општина Студеничани кај с.Осинчани каде што горела ниска мешана шума и сува трева.

— реклама —


— реклама —

Изгаснатите 16 пожари биле во општините: Гази Баба, Сарај, Босилово, Кривогаштани, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Струга, Чашка, Куманово и во општината Јегуновце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања