Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ЦУК добива и лажни пријави на 112, за еден ден имале над 2 илјади повици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

telefon-1

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.049 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 36,02 %, а 63,98 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 65,41 %, кон Итната медицинска помош 29,45%, а кон пожарникарите 3,42 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.

— реклама —

„Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 1,71% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 36,28%, вкупно 1.316 заедно, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако со стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).

Се уште има пожари на отворено. Пожарникарите, во последното деноноќие, од Скопје, Прилеп и Велес интервенирале на најмалку три такви пожари. Гаснеле запалено ниска вегетација с. Бучинци, во Скопско, при што била зафатена површина од 1.000 m2 и имале уште 5 помали интервенции. Интервенирале на пожар на отворен простор на запалени дрвја (појас околу 500 m) на патниот правец Битола - Прилеп кај с.Тополчани. Во изминатото деноноќие прилепские пожарникари имале уште една помала интервенција.

— реклама —

Пожарникарите од Велес гаснеле пожар кај Ораовдол, блиску кај рудникот кај месноста кон Кадиица и го изгаснале до 18:30 часот.

— реклама —

Апелираме да не се палат стрништа на нивите, потоа, пластични и гумирани работи, отпадоци и секако депонии на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава“, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања