Промени тема
Контакт

ЦУК: Пет активни пожари, деветнаесет изгаснати, состојбата со пожарите до утрово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати.

Активни пожари се бележат во пет општини:

Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума.

Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума.

Во општина Велес, пожар има во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.

— реклама —

Во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, зафатени се дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Во општина Прилеп, во населбата Три Багреми, гори ниска вегетација.

— реклама —

Изгаснати се 19 пожари на различни локации низ државата, меѓу кои:

Два пожари во општина Гази Баба – кај гробиштата Камник и на улицата Душан Тавковиќ.

Четири пожари во Прилеп и околината – кај патот хотел „Салида“ – Битола и меѓу селата Лажани и Ропотово.

— реклама —

Пожари се изгаснати и во Ресен (с. Перово), Охрид (с. Оровник и н. Далјан), Виница (с. Ласки), Куманово (ФЗЦ, Пармакови ниви, с. Умин Дол), Старо Нагоричане (с. Пелинце – Мишинци и с. Милутинци), Крива Паланка (с. Градец – Ѓошинска маала), Ранковце (с. Милутинци), Тетово (Поправен дом), Гостивар (близина на стадионот и с. Чегране), како и во Шуто Оризари (ул. Индира Ганди).

Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања