Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ЦУК предупредува: Поради пораст на дневните температури, многу висок ризик од пожари во источна, централна и јужна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library6k1ihiqgik4qfSV2smh

Поради порастот на дневните температури, денеска се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира Центарот за управување со кризи.

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, во попладневните часови источниот, централниот и јужниот дел од земјата ќе бидат со многу висок FWI.

Од ЦУК предупредуваат дека тоа значи зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со многу висок интензитет.

— реклама —

Останатите делови од земјата ќе бидат со висок FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот ќе биде низок и многу низок.

Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, ЦУК апелира до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа.

— реклама —

Од Центарот предупредуваат дека секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, поради временските услови, може за кратко време да се прошири и да зафати голема површина.

— реклама —

ЦУК продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС, како и со навремено информирање и координација на надлежните институции.

Директорот на ЦУК, Мухамет Али, повторно апелираше граѓаните да бидат особено внимателни во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања