Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ЦУК: Скандирањето „УЧК-УЧК“и „Голема Албанија“ ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
5-CUK-sredba-020221-IVZ

Денеска, во рамки на општествените активности на Центарот за управување со кризи, в.д.директорот на ЦУК Сојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, оствари продуктивна и позитивна средба со првиот човек – Претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје. Притоа, искажуваќи големо признание на Реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Аангелов изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот Државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат:

— реклама —

- Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во Македонија,

- Искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата,

— реклама —

- Заедничкото осудување на радикаизмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза, а секако и

- Работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи.

На средбата, во седиштето на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, Претседателот на ИВЗ, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи го изрази своето задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, а сега и со Центарот за управѕување со кризи. Тој посочи дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот, а особено да се реализираат и активности во правец да не се дава легитимитет на радикални групации. Едноставно, тој посочи дека: „Добриот човек е добар човек, без разлика на неговата вера и нација“.

фото: ЦУК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања