Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ЦУК со извештај за невремето во преспанскиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
prespa

Од невремето оштетени се покриви, автомобили, од паднати дрвја во авто кампот „Крани“ оштетени се камп приколки, паднати дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Оштетена е и елелктричната мрежа (паднати бандери, скинати ел.водови), велат од Центарот за управување со кризи.

— реклама —

„Веднаш на терен излегоа екипи на МВР, ТППЕ Ресен и Македонија Пат кои работеа на расчистување и оспособување на патните правци за сообраќај (расчистени се и оспособени сите патни правци и пристапни патишта кон селата). Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектиите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овој реон. Нема пријавено повредени лица.

— реклама —

Исто така, во текот на ноќта, југоисточниот дел од општина Охрид беше зафатен од невреме последено со силен ветар. Во селата Трпејца и Лабуништа, како и во комплексот „Св.Наум“ има паднати дрвја, а направена е и материјална штета на еден угостителски објект во с.Трпејца, како и во комлексот Св.Наум каде е оштетен кров на еден од објектите во комлексот. Во невремето нема повредени лица. Дел од населените места сеуште се без напојување со електрична енергија, а екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектите.“,велат од ЦУК.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања