ЦУК: Три пожари на отворено во последното деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pozar2

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше пријавено три (3) интервенции врз пожари на отворено, покрај интервенциите врз пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.

— реклама —

Конкретно, Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал во 14:53 часот во саботата (14.09.2024 година) помеѓу с.Белотино и с.Рич е локализиран. Како што не известија од ТППЕ Струмица нема константно горење, туку се појавува горење на сува лисната маса, борови иглички и падната лисната маса што е со дебелина од 20 до 30 см. Направен е безбедносен противпожарен ПП појас околу пожарот за да не се шири. Во интервенцијата учествуваа ТППЕ Струмица со 3 пожарникари и 1 возило и 3 вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ од Струмица.

— реклама —

Денеска, од утрово, повторно е извршена контрола на пожарот за ако има одредени точки што се уште чадат – да се догаснува. Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарникарите од ТППЕ Кочани, вчера, во период од 08:54 до 09:30 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија и кабли на депонијата на месноста „Полачки Пат“, во Општина Кочани. РЦУК Тетово, ја информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 15:55 до 16:25 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште помеѓу селата Желино и Сирично.", информираат од ЦУК.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања