Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ЦУК: Вчера интервенирано на пет пожари, активен е еден пожар во Дебар, кај месноста „Красница“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на вкупно пет пожари, на отворен простор од коишто до утрово се уште како активен се води само еден – се дури не се добие потврда од терен дека е изгаснат, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи (ЦУК), што се добиени од надлежните институции во Системот за управување со кризи, велат од ЦУК.

— реклама —


„Активен пожар, до утрово, се води само еден: во Општина Дебар кај месноста „Красница“, во реонот на с.Гари, на планината Стогово, каде што горела висока сува трева – пасиште. Конкретно, околу 12:45 часот, преку единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е добиена дојава за пожарот. Од Регионалниот ЦУК Дебар е стапено во контакт со ТППЕ Дебар и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар, како и со жители кои живеат во непосредна близина на местото каде што е забележан пожарот, при што добиле известување дека пожарот е на тешко пристапен терен и нема опасност за негово проширување. ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар известиле дека текот на вчерашниот ден не било можно да се интервенира, а во текот на денешниот ден ќе испратат екипа на терен“, информираат од центарот.

— реклама —


— реклама —

Изгаснатите четири пожари на отворено, каде што горела ниска вегетација, биле во: Општина Могила, кај с.Ивањевци; Општина Долнени, помеѓу селата Дебреште и Лажани; Општина Старо Нагоричане, кај с.Младо Нагоричане и во Општина Боговиње во атарот на с.Урвич.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања