ЦУК: Вкупно 18 пожари на отворен простор, има само еден активен, пет се под контрола и 12 се изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pozar

Имало вкупно 18 пожари на отворен простор од коишто има само еден (1) активен, пет (5) се под контрола и 12 се изгаснати, во последното деноноќие.

— реклама —

Има еден (1) активен пожар во Општина Македонски Брод, кај с.Тажево, близу ЈП„Јасен“. Од утрово дејствувањето продолжи, со тоа што прво се извидиваше, бидејќи од вчера вечерта, имаше на тој предел многу густа магла со чад на просторот токму каде што треба да се дејствува.

— реклама —

Денеска, (четврток25.07.2024 година) пожарот на територијата на Јавно претпријатие за управување и заштита а повеќенаменското подрачје „Јасен", популарно именувано „Ловиштето Јасен“ е целосно изгасен. Вработените во „Јасен“ подржани од два воздухоплова од МВР од 08.00 часот работеа на негово целосно догасување, дури и во делот на внатрешното согорување на трупците и опожарените дрвја. Во моментот нема чадење, а воздухопловите се префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски брод. Таму во догасувањето на пожарот се вклучени 40 припадници на Армијата, 30 лица од специјалните сили на МВР и 10 пожарникари од ТППЕ Македонски брод. На тој потег кај с.Тажево, од страна на Градоначалникот на Македонски брод е вклучена и една градежна машина што работи на правење на просеки кон селото Тажево. Се уште дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид (локација каде што се репетиторите) кон селото Тажево, но со концентрирано дејство за релативно кратко време се очекува да биде ставен под контрола. Сите други пожари на територијата на Државава се изгаснати. Во моментот нема активни пожари.

— реклама —

Под контрола се пет (5) пожари на отворено, во:

-Општина Долнени : с.Гостиражни, префрлен пожар од с.Богомила (мешана шума и ниска вегетација); Општина Долнени, с.Небрегово (нискостеблеста шума); Општина Штип, Криволак кон с. Пенуш (ниска вегетација); Општина Штип, с.Селце и с.Драгоево (мешана шума) и во Општина Делчево, согорува градска депонија кај Делчев о (депонија).

Изгаснати се 12 пожари на отворено, во:Општина Ново Село, во селото Ново Село (сува трева, балирана слама и 4 куќи); Општина Чашка: с.Ореше, м.в.„Орешка Чука“, префрлен пожар од кај с. Гостиражни, Општина Прилеп (каде што голела мешана шума и ниска вегетација); Општина Чашка: с.Габровник и с.Мокрени (мешана шума и ниска вегетација); Општина Свети Николе, с.Пиширово (ниска вегетација); -Општина Кавадарци: с.Дреново (дива депонија); Општина Пласница: с.Пласница м.в.Стромол (мешана шума); Општина Македонски Брод: с.Девич (мешана шума); Општина Старо Нагоричане: Бајловце (ниска вегетација); Општина Петровец; с.Катланово (ниска вегетација); Општина Зелениково;с.Ново Село (ниска вегетација); Општина Аеродром: ул.Божин Николов (ѓубре) и во Општина Крушево кај с.Светомитрани (каде што горела депонија).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања