Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ЦУК: Во последното деноноќие три пожари на отворено, 1.482 повици на 112

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Во неделата, односно во последното деноноќие, согласно пристигнатите информации во Центарот за управување со кризи имало три регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и имало едно комбинирано интервенирале за пренесувањето – извлекување на починатиот планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка. Секако имало и задоцнети повици за санирање ситуации од силен ветар во саботата.

— реклама —

Во Скопско, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:30 часот до 19:00 часот со две противпожарни возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од 1 ха во атарот на село Љубин во општина Сарај. Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани од 16:00 до 16:30 часот, со противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 2 ха помеѓу селата Кривогаштани и Врбјани.

— реклама —

Од ТППЕ Битола, од 18:49 до 22:10 часот, со двајца пожарникари и противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Петилеп“ во атарот на село Беранци во Општина Могила.

— реклама —

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.482. „Реални“ повици за итни случаи имало 37,99%. Имало 62,01% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање.


Кон Полицијата биле упатени 43,03% од повиците, кон Итната медицинска помош 43,03%, а кон пожарникарите биле упатени 2,42%. Кон ЦУК имало 11,52% од итните реални повици за комбинирано решавање, што е над просекот повци, што вообичаено се движи од 3% до 10% што ги решава, секако заедно со 62,01% други, именувани и како „неитни повици“, ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања