Промени тема
Контакт

Цукерберг против забрана на кинеската вештачка интелигенција: САД треба да се натпреваруваат, а не да блокираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
mark

Главниот извршен директор на „Мета“, Марк Цукерберг, смета дека САД не треба да ја блокираат кинеската вештачка интелигенција, туку да создадат услови домашните компании поуспешно да се натпреваруваат со кинеските конкуренти.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Цукерберг изјави дека забраната на кинеските модели за вештачка интелигенција не би била ефикасно решение. Наместо тоа, според него, американските технолошки компании треба да ги отстранат пречките што им го отежнуваат развојот и конкурентноста.

— реклама —

Неговите изјави доаѓаат во период кога во Вашингтон се водат интензивни дебати за регулирањето на вештачката интелигенција и за одговорот на сè посилната конкуренција од Кина.

Во меѓувреме, високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврдат дека имаат докази оти кинеската компанија „Муншот АИ“ користела модели на американски конкуренти за обука на својот најнов модел „Кими К3“. Од компанијата ги отфрлија овие обвинувања.

Минатата недела американскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека Вашингтон би можел да воведе санкции доколку кинеските компании преминат граница и се впуштат во кражба на интелектуална сопственост.

— реклама —

Во исто време, Федералната комисија за комуникации (FCC) соопшти дека новите хуманоидни и четириножни роботи произведени надвор од САД, вообичаено нема да можат да добијат дозвола за увоз и продажба на американскиот пазар, бидејќи, според Комисијата, претставуваат ризик за националната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-31-at-21.35.10

Цукерберг стана четвртиот најбогат човек во светот

Технологија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања