Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Чулев: Да ги почитуваме мерките за наскоро животот да се врати во нормала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_0062

Министерот Наќе Чулев денеска оствари работна средба и ги посети полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар.  На средбата министерот Чулев беше запознаен со активностите кои се преземаат за контрола на мерките и одлуките на Владата, со посебен акцент на одлуката која е на сила, а се однесува на ограничување на движењето на време на продолжениот празничен викенд.

„Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. Тука сум пред се на колегите, а потоа и на сите граѓани да им ги честитам двата празници. Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредности кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува“, истакна Чулев.

Министерот Чулев уште еднаш се заблагодари на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот.

— реклама —

— реклама —

„Времето во кое живееме и предизвикот со кој се соочуваме секојдневно не потсетуваат дека битките кои ги водиме во професионалниот и приватниот живот не познаваат етничка, национална, професионална или било каква припадност, а тоа е уште еден доказ и потврда дека соработката и сплотеноста е единствениот начин преку кој можеме да ја постигнеме и оствариме оваа цел. Мостовите на соживот кои ние заеднички ги градиме денес, се основата по која ќе чекорат идните генерации“, потенцираше Чулев.

— реклама —

Министерот Чулев на крајот упати апел до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и изрази искрена надеж дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања