Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Чулев: Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nake-kulev

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалната мрежа ФБ објави  рекација за изгласаниот законот за Јавно обвинителство на владина седница. Тој пишува дека е законот е изгласан на насилен начин и спротивно на уставот.

— реклама —

-Доцна вечерва на седница на Владата се изгласа предлог текст на Законот за јавно обвинителство. На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот кој беше направен во последните три години.

Во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие вечерва се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско.

— реклама —

Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ. Носење на системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група на луѓе, напиша Чулев на ФБ.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/127469678779835

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања