Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Чулев: Фатени се живи како прават милионски зделки на грбот на полицијата и на товар на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
nake-kulev

Денешните неточни обвинувања објавени за мене од страна на политичката партија СДС, само уште еднаш ја покажуваат нервозата во нивните редови за милионскиот скандал кој го објавивме вчера и денес, а која говори за милионски договор склучен во име на Министерството за внатрешни работи, со фирма блиска до нив, вели Наќе Чулев.

— реклама —
— реклама —

„Обвинувањата за моја наводна инволвираност во кумановските настани се груба невистина и манипулација со јавност. Доколку тоа навистина е така до сега сигурно ќе бев неколку пати душмански приведен од партиските послушници на Оливер Спасовски во редовите на полицијата и безбедносните служби. Во целокупната моја професионална кариера сум го давал максимумот за одбрана на безбедноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на мојата татковина Македонија.

— реклама —
— реклама —

Доколку, сметаат дека денешниот и вчерашниот прес на кој говорев за криминалот направен од страна на Оливер Спасовски се неточни, ги повикувам тоа да го докажат преку судските органи. Јавноста гледа и е свесна дека станува збор само уште еден од низата случаи во кој „се фатени живи“ правејќи милионски зделки на грбот на полицијата и на товар на граѓаните“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања