Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Чулев ги повлекол новите началници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nake-kulev

Техничкиот минситер Наќе Чулев денес уште неврачени привремено ги сропирал решенијата за насначување на началници низ Македони

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ СООПШТЕНИЕТО ИСПРАТЕНО ОД МВР

— реклама —

Министерот Чулев истакна дека е свесен за огромниот број на поплаки на полициските службеници за претходно спроведената систематизација, и дека ќе се воведе механизам за заштита од повреда на правата на вработените преку зголемен надзор и проверка на издадените решенија. Во таа насока министерот Чулев ги информираше дека донел одлука за стопирање на решенијата кои се уште не се врачени. На средбата беше договорено преставниците на синдикатите да испратат писмена информација за нивниот став во однос на последните распределувања кои предизвикаа реакции во јавноста. На преден план е професионалноста и квалитетот во вршењето на работните задачи и министерот ја даде апсолутната поддршка на полициските службеници кои ја извршуваат својата работа согласно пропишаните правила.

На средбата се разговараше за тековните состојби во министерството, а пред се целта сите полициски службеници професионално да придонесат претстојните избори да поминат во најдобар ред односно да се обезбеди фер и демократски изборен процес. Беше потенцирано дека било какво непочитување на законите соодветно ќе биде санкционирано. На средбата беше договорено и да биде формирана комисија за  ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во Министерството за внатрешни работи, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања