„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Чулев: Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
culev

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, оценува дека безбедносно-разузнавачките служби системски биле злоупотребувани за политички цели. Тој предупредува дека незаконското следење и прислушување не е само удар врз поединци, туку врз демократијата и довербата во институциите.

— реклама —

Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата.

Внатрешните истраги во Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како и известувањата поднесени до ОЈО за грубо кршење на законот од страна на раководители и вработени во нив, недвосмислено укажуваат на СИСТЕМСКА злоупотреба на безбедносно-разузнавачките служби.

— реклама —

Злоупотребата на државни ресурси за следење и прислушување на лидер на опозицијата и истакнати опозициски претставници, новинари, бизнисмени, обвинители, министер и кој ли уште не, не е изолиран инцидент и удар врз поединци, туку удар врз демократијата, слободата, владеењето на правото и довербата во институциите.

На виделина излегоа и причините за мојата професионална дискредитација, но и дискредитацијата на други колеги, незаконското следење, клевети и координирана манипулативна кампања со цел елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем, само поради идеолошки разлики.

Уште од 2020 година, и покрај сите притисоци, измислени оперативни обработки и закани, во континуитет јавно предупредував и укажував на ризиците од незаконското постапување и злоупотребата на службите со цел демонизирање на опозицијата. Тука е и латентната колатерална штета, бидејќи манипулативните и лажни белешки не застануваат кај таргетираната личност, туку отруеното досие со години фрла сенка врз сопружници, браќа/сестри и деца – блокира работни места и сертификати, комплицира визи, работни дозволи и го лимитира пристапот до граѓански права, лепи стигма, го нарушува угледот и достоинството и на тој начин станува колективна казна.

Денес, кога е евидентно дека ресурсите на службите брутално се злоупотребувале за политички, бизнис и лични интереси, повторно апелирам дека е неопходно да има целосна истрага, декласификација на дел од фабрикуваните материјали и санкционирање на нарачателите и извршителите.

Ова е битка, но и можност да изградиме модерен, транспарентен и одговорен безбедносно-разузнавачки систем кој ќе ја штити државата и граѓаните, а не ќе се користи за прогон на политички неистомисленици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања