Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Чулев најави дека ќе бидат повикани сите лица кои објавиле статус да се шкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev-1

Ќе бидат повикани на разговор лица за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, најави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„На подрачјето на Скопје, вчера од Единицата за економски компјутерски криминал при СВР Скопје, постапено е по објави на социјалните мрежи во кои имало недолична содржина односно истите содржеле елементи на сторено кривично дело кое што се гони по службена должност. Од страна на полициските службеници извршен е разговор со лицето Ѓ.Г., кој бил сопственик на профилот. Согласно информациите кои ги имам од СВР Скопје, во текот на денешниот ден ќе бидат преземени дополнителни активности, односно и други лица ќе бидат повикани на разговор, а во насока на целосно расчистување на овој, но и на други случаи по што ќе следи соодветен поднесок до ОЈО Скопје“, рече Чулев.

— реклама —

Галетановски реобјави статус кој повеќемина го споделуваат на социјалните мрежи, а во него, на комичен начин се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за одредена партија, да го шкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче. Тој потоа се изјасни дека и во полициската станица кажал оти статусот бил шега.

— реклама —

извор: Макфакс

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања