Чулев најави кривична пријава против поранешниот директор на РЕК Битола, побарал рекет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev-1

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при неговата денешна посета на Битола, во изјава за медиумите истакна дека МВР ќе поднесе кривична пријава против поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски и дел од раководоството на оваа институција поради изнуда и злоупотреба на службената должност и овластување.

— реклама —

-Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола. За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран криминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчитување и документирање на случајот, истакна Чулев.

— реклама —

Според министерот прво се барало дел од тендерот да биде отстапен на фирма блиска до владеачката партија која немала капацитет да биде подизведувач, а кога тоа било одбиено од страна на директорот и раководството на РЕК Битола бил побаран поткуп од 250.000 евра.

Реномирана фирма за ископ на јаловина која добила тендер од Рек Битола била подложна на изнуда и притисок од страна на директорот и раководството на РЕК Битола со цел дел од договорот да биде отстапен на друга фирма, подизведувач, која што ниту има капацитет ниту има механизација и воедно фирма која што е блиска до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Откако одговорните лица во фирмата која го добила тендерот одбиле да го извршат ова барање, притисокот продолжил при што од директорот на РЕК Битола бил побаран поткуп во износ од 250.000 евра, појасни Чулев.

Чулев дополни дека штетата по буџетот на Република Македонија од раскинатиот договор е околу 1 милион евра.

 

https://www.facebook.com/NakjeChulev/videos/507754926584335/?v=507754926584335

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања