Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Чулев: Наместо во заштита на полициските службеници, Спасовски застанува во одбрана на полициското подземје, кое тепа и напаѓа полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, утрово, на својата фејсбук-страница упати прашања до Оливер Спасовски за настан што се случил изминатите неколку дена, во кој од страна на обезбедување висок функционер во МВР нападнат е и претепан припадник на Интервентната полицијата.

— реклама —


— реклама —


— реклама —

Чулев вели дека во вчерашната објава на социјалните мрежи побарал Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за заштита на полициските службеници, чиј живот секојдневно е доведен во опасност извршувајќи ги своите работни должности и задачи, но наместо заштита на полицајците, тие се ставаат во одбрана на криминалното подземје, кое тепа и напаѓа полицајци.

— реклама —

Воедно, Чулев бара Оливер Спасовски и раководството на МВР да дадат одговор на прашањето кој го крие настанот во кој обезбедување висок функционер во МВР нападнал и претепал припадник на Интервентната полиција и да дадат одговор на прашањето каде се случило ова и како на тоа место присуствувало лице што нема овластување за тоа.


На крајот, поранешниот министер бара одговорност за конкретното и лице и прашува дали по утврдената одговорност од страна на надлежните служби во МВР, Спасовски ќе побара оставка од функционерот, чие обезбедување е тепачот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања