Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Чулев не гледа причина зошто да нема публика на натпреварот неѓу Македонија-Косово, што значи тоа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_0067

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека натпреварот на нашата фудбалска репрезентација со косовската  иако е од голем безбедносен ризик може да се игра со публика. Дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од корона вирусот тој вели дека ќе одлучи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.

-Не гледам причина да биде фудбалскиот дуел без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и презамеме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдбри услови од безбедносна гледна точка, рече Чулев.

— реклама —

Одлуката да се игра без публика поради можна опасност од коронавирусот, потенцира,  не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата.

-Тоа е во надлежност на Управувачкиот комитет и водечка улога има Министерството за здравство. Согласно со препораките на министерот за здравство таква одлука ќе донесе и Управувачкиот комитет односно ќе предложи одлука на Владата. Во моментов немаме никакви индикаци дека е потребно одложување на фудбалскиот натпревар Македонија –Косово, рече Чулев.

— реклама —

При денешната посета на СВР Тетово, министерот Чулев истакна дека овој Сектор има реализација од 47 проценти на откривање дела од непознат сторител што претставува меѓу највисоките во државата. Вети дека ќе се преземат мерки за подобри просторни услови за вработените во СВР Тетово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања