„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Чулев: Предложив нормално ограничување 1 мај бидејќи граѓаните ги почитуваат мерките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_0022

Наќе Чулев, како министер во МВР предложил викендот за 1 мај да нема целосен полициски час, бидејќи како што вели тој граѓаните се совесни и нема потреба од толку строги мерки.

— реклама —

- Моите аргументи беа во насока дека кај граѓаните веќе постои повисока свесност, за лична заштита, со мерките против ширење на заразата. Како што гледате граѓаните ги почитуваат мерките и одлуките на владата, носат средства за лична заштита маски и ракавици. Другиот аргумент беше психолошкиот притисок кој што е енормно зголемен врз граѓаните, полицијата е секојдневно со граѓаните и забележана е енормна агресивност кај нив. Што значи дека оваа ситуација се одразува врз психо-физичкото здравје врз граѓаните. Доколку направиме една анализа и компарација со регионот и Европа, во некои држави веќе има и агресивни манифестации на граѓанска непослушност. Она што ни служи и како плус индикатор на МВР е и зголеменото семејно насилство. Јас тука ги охрабрувам сите оние врз кои  се врши такво насилство тоа да го направат преку телефон или во најблиската полициска станица, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за 24 телевизија.

Во врска со случајот со кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Чулев кажа дека истата е политчка и дека во счучајот истата е доставена самп до БЈБ, а не и до него.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања