Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Чулев со демант кој потврдува дека Чавкова е унапредена без оглас, на повисока позиција од дозволеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, наместо демант до медиумите испрати текст кој потврдува дека Јасмина Чавкова, сопругата на ексдиректорот на БЈБ и осуден за „27 април“, Митко Чавков, е унапредена во МВР за три скалила повисока позиција без интерен оглас од негова страна. Обвинувањето на Чулев за лажна вест е неосновано, бидејќи, ниту тој не негира дека Чавкова е унапредена на повисока позиција во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —
DSC_0022

Чулев со унапредување за сопругата на Чавков, без оглас за три скалила повисоко работно место

Јасмина Чавкова, сопругата на ексдиректорот на БЈБ и осуден за „27 април“, Митко Чавков, е унапредена во МВР за три скалила повисока позиција од страна на техничкиот министер, Наќе Чулев, дознава „А1он“. Решението за прераспределување на Чавкова не го потпишала  дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, бидејќи, сметала  дека не е во согласност со законот.Сопругата на Чавков претходно била виш инспектор во СВР Скопје, а сега, по унапредувањето, таа е виш полициски советник во Бирото за јавна безбедност. Унапредувањето од три работни позиции е спротивно на систематизацијата, која дозволува преместување за две позиции. Министерот Наќе Чулев не одговори на нашите повици и писмено најави дека подоцна ќе даде став околу прераспределувањето.Според информации на „А1он“ решението се спроведува без потпис на Петровска, како што тоа беше случај  и претходно, кога дополнителната-заменик министерка не се согласуваше со кадровските одлуки на министерот Чулев. Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, за „А1он“ вели дека треба да провери дали Чавкова е прераспределена на новото работно место, по што ќе даде одговор.Целиот текст прочитајте го тука

Македонија | пред 5 години

— реклама —

„Ја информирам јавноста дека конкретното распоредување е направено врз основа на извештај од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кој е изготвен врз основа на претставка поднесена од посочено лице, во кој се констатира дека истото подолг временски период е распоредено на работно место кое е во спротивност со законот. Во извештајот е констатирано дека со цел избегнување на дополнителни трошоци на товар на МВР по основ на тужба, одделот смета дека од страна на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ треба да изврши ревизија на распоредувањето и Јасмина Чавкова да биде распоредена согласно позитивните законски прописи на важност во МВР“, посочи Чулев во демантот кој не демантира ништо од напишаното.

— реклама —

Единствено ново нешто во фејсбук демантот на Чулев е што објаснува дека тој ја исправа неправдата која на Чавкова и ја нанел Спасовски.

„Уште една лага, односно лажна вест креирана од страна на структурите на СДСМ. Но и случај кој уште еднаш го потврдува незаконското работење на Оливер Спасовски во изминатиот период. Можеби исправањето на неправдите од минатото на некого му пречи, но јас и понатаму ќе бидам на страна на вработените и ќе постапувам исклучиво во согласност со законите. Напоменувам, дека кога станува збор за постапување по однос на задолжителни мерки утврдени во извештајот Одделот за внатрешна контрола, Министерот има обврска да постапи и да ги отстрани констатираните неправилности, а во конкретниот случај станува збор за распоредување кое не е во согласност со степенот на образование“, додава Чулев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања