„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Чулев: Спасовски професионална одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev

Професионалниот пристап во работата и мојата лична култура не ми дозволуваат да коментирам политички изјави затоа што тие најчесто се одраз на одреден страв, аматеризам, непознавање на состојбите и ниска политичка култура. И навистина е така, особено во денешната изјава на Оливер Спасовски во која тој бара некаква одговорност од моја страна, објави на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерот во продолжение на својата објава пишува:

— реклама —

➡️ Па за да бидат работите целосно јасни, најпрво ќе го упатам таа професионална одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него, а кои во хиерархиската поставеноста на Министерството за внатрешни работи ја имаат директната одговорност на конкретниот настан на кој тој посочува пропусти од страна на полицијата.

➡️ Дополнително, кога зборува за политичка одговорност ќе го потсетам само на десетиците спорни и незаконски тендери кои се направени од негова страна во Министерството за внатрешни работи, а за кои веќе постапува Основното јавно обвинителство, хаосот со личните документи, незаконските решенија кои ги делеше по политичка линија пред да замине и без да се почитува системот на кариера, незаконското поништување на решенија кога се фалсификуваа одлуки и документи од страна на Владата и за кои Државната комисија за спречување на корупција потврди дека се направени на незаконски начин и низа други активности кои се во спротивност со законот.

— реклама —

➡️ Јавноста е сведок дека во времето на Оливер Спасовски, на големо се шпекулираше дека полициските структури блиски до него се на платен список кај криминалните структури, а неспорен е и фактот дека токму во тоа време во неколку наврати се случуваше бегство на осудени лица за тешки кривични дела.

➡️ На Оливер Спасовски веројатно му пречат констатациите на граѓаните дека во последните три месеци од страна на полицијатa се реализирани многу повеќе акции во споредба со целиот негов мандат во МВР или пак тој е уплашен од неселективното спроведување на законите и безпоштедна борба против криминалот и корупцијата.

❗ Граѓаните, но и самиот Оливер треба да бидат смирени. Јас сум човек професионалец и мене не ме интересира политика. Во фокусот на моето работење се граѓаните и мојата држава и ќе направам се што е во мои раце Министерството за внатрешни работи и во иднина да биде вистински сервис и заштита на секој еден чесен и искрен човек.

⁉️ За каков морал и за каква одговорност зборува Оливер Спасовски? Зарем погореспоменатите работи не се доволен аргумент против тоа?

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/157017829158353?__tn__=-R

фото: ФБ Наќе Ќулев

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања