ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Чулев: Во Велес уапсено лице што водело списоци за поткупени гласачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev-1

Во текот на вчерашниот ден од страна на велешката полиција извршен бил претрес во домот на 35-годишниот А. М. за кој постои сомнение дека извршил кривично дело поткуп при избори и гласање.

— реклама —

Како што информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на „Фејсбук“ , кај 35-годишникот пронајдени и одземени биле еден мобилен телефон и повеќе листови, на кои рачно имало напишано список од речиси 250 лица со лични податоци и матични броеви.

„На информативен разговор во просториите на СВР Велес од страна на лицето било посочено дека тој ги направил списоците по претходна насока од друго лице, блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес. На списоците имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност, кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства“, посочува Чулев, кој во објавата додава дека ваквите насоки на лицето му биле дадени пред речиси една недела, а за реализација на тоа му била ветена материјална корист.

— реклама —

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/175175804009222

Од страна на СВР Велес, во координација со ОЈО Велес, се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната вмешаност на други лица, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања