Во контролата на движењето на граѓаните и почитувањето на полицискиот час ќе биде ставена и единицата на беспилотните летала, најави вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
-Се работи за беспилотни летала со високи технички можности кои буквално може да ја скенираат целата територија на државата и да укажат на сите можни прекршувања. На тој начин ќе имаме и мапа за тоа каде има најголеми прекршувања. Тие летала имаат големи можности, можат буквално и регистрацијата на возилата да ја видат. – изјави Чулев.фото: Телма